Загриженост на граѓанскиот сектор по брзото усвојување на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и ГО во Македонија

BCSDN is Looking for an Information and Communication Officer!
May 20, 2016
CIVICUS Research Partners Workshop on Civic Space Monitor
May 30, 2016

– this article is available in English language here –

Само два дена откако Одлуката за формирање на Совет за соработка на Владата на Република Македонија со граѓанскиот сектор беше презентирана пред граѓанските организации, Владата ја усвои Одлуката на своја редовна седница на 17ти мај 2016, без можност за дополнителни консултации со граѓанскиот сектор. Усвојувањето на оваа Одлука доаѓа мошне неочекувано, откако помина повеќе од една година кога група од 75 граѓански организации, предводени од БЦСДН и МЦМС, бараа промени во тогашната предлог-Одлука, нагласувајќи ја потребата од легитимност и репрезентативност на Советот. Иако некои од претходните барања беа делумно прифатени, оваа Одлука предизвика сериозна загриженост по неколку нови прашања.

На 20ти мај, кога Одлуката беше објавена во Службен весник, БЦСДН и МЦМС испратија реакција до Владата, во која ја изразија својата загриженост во однос на функционалноста и работата на Советот. Несомнено е дека ваква Одлука е значаен чекор напред за развојот на граѓански дијалог и зајакнување на соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Сепак, Совет во кој мнозинството го сочинуваат претставници на јавната администрација кои, притоа, можеби немаат доволно искуство и експертиза во областа, остава простор за сомнеж дека Советот ќе биде успешен во остварувањето на својата цел. Исто така, дополнителна отежнувачка околност е фактот што оваа Одлука, која официјално стапува на сила на 21ви мај, е усвоена во несоодветно време со оглед на политичката нестабилност во државата, како и постоењето на техничка влада чиј легитимитет не е целосно прифатен од страна на граѓаните.

Оригиналната реакција (на македонски јазик) во целост е објавена тука, додека повеќе информации (на англиски јазик) за процесот на донесување на предлог одлуките во изминатиот период, како и реакциите на граѓанските организации, се достапни тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • Description
  • Content
Compare